Србинката Билјана Рупар од Ниш го прославила 35-тиот роденден и разводот од бракот со прослава со 100 гости во една позната кафеана.
Специјално за таа пригода кафеаната била декорирана во црна и златна боја, а гостите добиле покани во црна боја со насликан череп.
Славеничката била во модерна бела венчаница, но сите гости, освен старосватицата биле облечен во црно, а црна боја биле и подароците и цвеќето кое го добила.
До свечената сала, Рупар дошла преку црвен тепих, по кој имало посипано овенати рози.
Билјана која е архитект по занимање и сопственичка на успешен козметички салон, изјавила дека сака да прославува и оти за своите родендени секогаш поканува многу луѓе, па така и разводот од бракот сакала да го прослави на тој начин.
-Пријателка пред пет, шест месеци ми испрати фотографија од госпоѓа од Јагодина која го прославила разводот од бракот. И реков, доколку некогаш се разведувам ќе направам исто, само многу подобро. Тогаш не планирав развод, но бидејќи се случи тоа, се решив да го прославам, истакнала Рупар.
Таа изјавила дека одлучила да облече бела венчаница за прославата на разводот бидејќи на свадбената веселба носела три венчаници – сина, беж и црна.
Како што изјавила, со сопругот се развела спогодбено и останале во одлични односи.
-Разводот не е добар, но мојата порака до сито оние на кои ќе им се случи е дека не треба да очајуваат и да не бидат кукавици. Никогаш не се знае зошто е тоа добро, изјавила Рупар.
Таа изјавила дека со поранешниот сопруг четири години се обидувала да добие дете, но тоа не и успевало и покрај лечењето.
-Месец и пол после разводот останав бремена. Се решив да го задржам бебето и да бидам самохрана мајка. Сега сум во третиот месец од бременоста, изјавила Рупар.