Александра Живковиќ од Ниш пред два дена го родила своето прво дете во 50-тата година од животот.
Здравото девојче без никакви компликации е родено во средата попладне.
Од Клиничкиот центар во Ниш потврдиле дека и мајката и детето се добро.
-Мило ни е поради овие убави вести. Управата на КЦ Ниш и ГАК и честитаат пред се на мајката, но и на целото семејство, истакнал портпаролот на болницата Никола Марковиќ.
Бебето е родено со 3,280 килограми и должина од 50 сантиметри.
Александра се породила со царски рез.