Нутриционистката Наташа Ѓукиќ истакнува дека симптомите како стрес, замор, желба за храна и многу други укажуваат дека имате проблем со црниот дроб.
Црниот дроб е најголемата жлезда во телото и ја игра улогата на централен метаболички орган. Овој моќен орган е одговорен за варење на храната, како и за елиминирање на токсичните материи од телото, а помага и за заштита на телото од инфекции.
Нутриционистката Наташа Ѓукиќ откри кои се симптомите кои ни ги испраќа телото, а кои предупредуваат на проблем со црниот дроб:
– Црниот дроб е еден од најголемите органи во нашето тело, кој работи напорно за да го одржи здравјето извршувајќи повеќе од 500 основни функции, а кога е оштетен, закрепнувањето е многу тешко – вели таа и додава дека на болестите на црниот дроб може да укажуваат одредени симптоми, на кои треба добро да се обрне внимание, а еве и кои:
– анксиозност/депресија
– хормонален дисбаланс
– несоница
– гоење
– несвестица
– надуеност
– проблеми со кожата
– стрес
– дигестивни проблеми
– желба за храна
– воспалителни процеси
– замор