Видеото е направено во градот Свонси во Велс, и прикажува невеста која напаѓа маж и го соборува на земја и се бори со него.
Не е откриено што се случило и како се случила расправијата и тепачката, но во позадина се слуша некој како вели дека е повикана полиција.
Исто така, на снимката се гледа друга жена облечена во бело, како лежи неподвижно во калта.
-Таа е во бесознание, не е мртва. Станува збор за пријателка на невестата која се опила и заспала. Многу луѓе кои беа поканети на венчавката не сакаа да дојдат затоа што очекуваа вакво нешто, напишало лицето кое ги споделило снимките на Редит.