Денеска е 12-от ден од војната во Украина, а ситуацијата од час во час е се полоша и полоша. Граѓаните ширум Украина уште една ноќ поминаа во засолништа додека гранати паѓаат речиси насекаде.
На социјалните мрежи се појави видео од украинско девојче кое во едно од засолништата ја пее песната „Let it go“ од познатиот цртан Frozen.
Додека таа сакаше да ги развесели сите дечиња кои ја делат истата судбина како неа, направи незаборавен момент и за возрасните.
Little girl singing “Let it go” in a shelter#UkraineRussianWar #Ukraine #UkraineUnderAttack pic.twitter.com/6gfcUoiwJJ
— Ankita Jain (@Ankita20200) March 6, 2022
Инаку за потсетување од почетокот на војната повеќе од 1,5 милиони луѓе ја имаат напуштено земјата.