недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Tепачка во продавница во Лондон поради производи за коса! Жена тепала продавач со корпа, тој почнал да ја дави

Tепачка во продавница во Лондон поради производи за коса! Жена тепала продавач со корпа, тој почнал да ја дави

Снимка од драматична тепачка во која продавач од лондонското предградие Пекам Сохаил Синдо тепа и дави жена се проширила на социјалните мрежи, но уследил пресврт кога продавачот почнал да тврди дека намерата не му била да ја повреди, туку да ја смири.

Како што наведува Синдо, тепачката започнала кога жената се обидела да врати препарати за коса и да ги добие назад парите, што тој одбил, по што уследила расправија. Жената наводно тогаш земала производи од рафтовите и се обидела да излезе.

Лондонската полиција соопштила дека таа е уапсена поради сомнеж дека извршила напад, но подоцна била пуштена на слобода. Полицијата соопштила дека работникот во продавницата не е уапсен.

Помал дел демонстранти вчера го блокирале патот во југоисточен Лондон, а активисти протестирале против тоа што тврделе дека е пример за секојдневно машко насилство над жени.

Во текот на демонстрациите исто така на продавницата лепеле известувања во кои го критикуваат однесувањето на сопственикот на продавницата.

Видеото, објавено на „Instagram“, почнува така што Синдо стои зад жената додека се влечат, а лицето зад камерата се заканува дека повика полиција.

Жената потоа го удира по глава со пластична корпа, по што тој и ги ставил рацете околу вратот.

Таа тогаш бара луѓето да повикаат полиција, но Синдо одбил да ја пушти.

По објавувањето на снимката, на социјалните мрежи се појавиле повици на жителите на таа област да ја бојкотираат продавницата, како и повик на нови протести пред продавницата денеска во 14 часот, пишува „Daily Mail“.