Како и сите безвременски стилови, локните никогаш не излегуваат од мода, но одвреме-навреме се апсолутен хит! Така ќе биде и во сезоната што претстои, и затоа ви откриваме еден особено необичен начин на нивна изработка.
Веднаш да забележиме, нема да ви треба ниту преса, ниту фен, ниту фигаро… Ништо што испушта топлина и ништо што ја оштетува косата.
Измијте ја косата и оставете ја речиси целосно да се исуши, па исчешлајте ја и соберете ја во високо опавче.
Земете еден стар платнен чорап, отсечете го делот наменет за прстите, а потоа целата опашка протнете ја низ чорапот. Поделете го на два дела. Прво повлечете еден дел околу чорапот, а потоа и другиот. Во последната фаза прицврстете ги краевите со шноли и легнете да спиете.
Откако ќе се разбудите, нежно извлечете ги прамените, отплеткајте ја косата и уживајте во совршените локни!