Со минимален напор, добивате неочекуван резултат
Фризерот Крис Еплтон, кој се грижи за фризурите на познатите дами, од Ким Кардашијан до Џенифер Лопез, откри неколку интересни трикови како да се подмладите за кратко време, благодарение на вашата фризура и како да ја направите косата врзана во опавче да изгледа побујно.
– Оваа фризура се нарекува „фејслифт“ и е многу едноставна. Направете патец на средината, а потоа ставете по еден прамен од косата зад ушите – објасни Еплтон.
Фризурата е уредна, а косата зад ушите го „отвара“ лицето и ги истакнува јагодиците и вилицата. Со малку сјај или хајлајтер за неколку секунди ќе изгледате посвежо и помладо, а со убав накит ќе изгледате елегантно!
– Оваа модерна фризура им стои на сите, му ласка на секој облик на лице и е младешка. И секој може да ја направи тоа. Ако вашата коса не е доволно долга за да ви стои зад ушите, користете иглички шноли за да се осигурате дека ќе ви стои и нема да морате да ја враќате зад ушите на секои неколку минути – рече Еплтон и потсети дека таква фризура многу често носи Кејт Мидлтон.
Еплтон ја сподели и тајната како да се создаде бујно опавче, какво што носи Џенифер Лопез, без дополнителни уметоци.
– За тоа совршено репче потребни ви се само две ластичиња и малку вештина. Прво, одделете ја косата на горен и долен дел. Горниот дел врзете го високо во репче, а долниот дел повторно поделете го и со овие прамени завиткајте го горното репче, а потоа врзете сè заедно со уште едно ластиче – објасни Еплтон.