недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВЕ БОЛИ ГЛАВАТА И ИМАТЕ НЕСОНИЦА? Сѐ што ви треба се овие 2 БИЗАРНИ СОСТОЈКИ

ВЕ БОЛИ ГЛАВАТА И ИМАТЕ НЕСОНИЦА? Сѐ што ви треба се овие 2 БИЗАРНИ СОСТОЈКИ

Ако имате чести мигрени или имате главоболка со секоја промена на времето, обидете се да ја ублажите состојбата пред да земете лек.

Следејќи го примерот на традиционалната кинеска медицина, пробајте ја оваа едноставна метода, која се базира на притисок и масажа на одредена точка на дланките.

Како да се најде оваа точка?

Истегнете ги сите прсти од левата рака. Точката се наоѓа точно помеѓу показалецот и палецот.

Поставете го палецот на десната рака над, а показалецот под тоа место на левата рака. Притиснете полека, а потоа зголемете го притисокот и оставете да трае помеѓу 20 и 30 секунди.

Постапката повторете ја три пати, а потоа правете го истото од другата страна додека не почувствувате олеснување.

Има слични примери на оваа техника на социјалните мрежи. Тиктокерка Елизабет Хејс од Индијана открила дека главоболката ја лечи со едноставна штипка за алишта така што ја „штипка“ точката меѓу палецот и показалецот.

– По само една минута почувствував олеснување, а по 20 минути болката беше двојно помала – опиша Хејс.

Ален Мендел, сопственикот на профилот „Motivational Doctor“ има интересен предлог за лекување на несоница.

– Ставете грст мраз на градната коска и држете неколку минути. Има вагусен нерв, кој ќе го „ослободи стресот“ од студот и ќе ви овозможи да се смирите, а потоа да се подготвите за кревет и брзо ќе заспиете – вели Мендел.

Неговиот предлог за Тик ток го погледнале околу 1,6 милиони луѓе, од кои некои споделиле впечаток дека трикот одлично функционира против несоница!