сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ве иритира секоја дамка што се гледа на подот? Испробајте го овој одличен трик за чистење на подни плочки!

Ве иритира секоја дамка што се гледа на подот? Испробајте го овој одличен трик за чистење на подни плочки!

Подните плочки се одлично решение бидејќи многу лесно се чистат и одржуваат.

Секако, каков тип на подна покривка и да одберете, ќе мора редовно да ја одржувате за да не се гледа нечистотијата, а тоа е една од задачите што на повеќето домаќинки воопшто не им се допаѓа.

Затоа секогаш треба да го избирате помалото зло, а тоа се токму плочките кои се во тренд последниве години, а се поставуваат речиси во секоја соба во куќата.

Ако имате намера да ги инсталирате или ако веќе ги имате во вашиот дом, сигурно се прашувате кој е најдобриот начин да ги исчистите.

Можеби не знаете, но таблета за миење садови е одлична за чистење на подни плочки. Заборавете на скапите средства за чистење на пареа и придржувајте се до едноставните методи за чистење.

За подготовка на течноста, односно водата за чистење, потребно е да се направи малку појака и поконцентрирана, приближно 2 литри вода и 2 таблети за миење садови во машина. Се разбира, ефектот е подобар ако ги бришете плочките со рака, но и џогер ќе ја заврши работата, особено ако површината е голема. По бришењето, повторно прелијте сè со чиста вода, за да не се лизга.

Плочките од терасата најдобро се чистат со варикина, но не треба да го користите често, само кога сакате сè да блесне.