петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

(Видео) Млада мајка сподели чудно искуство за време на бременоста, жените пишуваат: „Уф, да, најлошиот симптом што го имав“

(Видео) Млада мајка сподели чудно искуство за време на бременоста, жените пишуваат: „Уф, да, најлошиот симптом што го имав“

Млада мајка сподели необичен симптом кој го доживеала за време на бременоста.

Имено, Алекс Џејкобсон тврди дека нејзиниот нос тројно се зголемува кога е бремена. Таа на ТикТок сподели видео во кое објаснува дека тоа ѝ се случило за време на првата бременост, но и за време на втората.

„За време на првата бременост не можев да носам бурма веќе во второто тримесечје. Бев отечена. А носот ми беше најлош“, рекла таа, а потоа објавила фотографија што ја направила веднаш штом се породила.

„Целото лице буквално ми беше отечено, носот ми беше огромен“, вели таа. Истото ѝ се случило и за време на втората бременост. Таа вели дека до 30-та недела од бременоста нејзиниот нос тројно се зголемил.

@alexjoelenejacobson #stitch with @alexjoelenejacobson ♬ original sound – Alex | Your Mom Friend

Многу нејзини следбеници во коментари ѝ пишуваат дека истото им се случило.

„Мислев дека сум единствена“, „Уф, да, најлошиот симптом што го имав“, „Ова ми се случи кога бев бремена со момче“, се дел од коментарите.

„Тоа е уште еден начин на кој телото се подготвува за породување. Синусите се отвораат и се шират за подобар проток на воздух за време на активното породување“, се обидел да објасни еден корисник, но оваа теорија не е поткрепена со докази.