сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Нов трендинг во светот: Со помош на оваа апликација родителите го предвидуваат изгледот на нивните деца, резултатите се неверојатно реални!

ВИДЕО: Нов трендинг во светот: Со помош на оваа апликација родителите го предвидуваат изгледот на нивните деца, резултатите се неверојатно реални!

Идните родители често размислуваат за тоа како би можело да изгледа нивното дете, на кого повеќе ќе личи, а сега многу лесно можат да ги проверат одговорите на тие прашања.

Втората најпопуларна бесплатна апликација на „Apple App Store“ во моментов е „Remini“, каде луѓето поставуваат фотографии од себе или нивните партнери, а таа потоа, користејќи технологија за вештачка интелигенција, генерира слики кои покажуваат како би можеле да изгледаат нивните деца,

Некои ги покажале своите резултати на „ТикТок“ откриле дека сличноста со нивните деца е неверојатна.

@audreyanne.j wait I kinda see it 😶 #babyaitrend #babyfilter ♬ 3:15 (Slowed Down + Reverb) – Russ

Освен овие функции, апликацијата имала и многу други поставки за подобрување на фотографиите. Откако ја вовеле опцијата „AI Photo“ во април 2023 година, апликацијата била преземена околу 40 милиони пати ширум светот за само 2 недели, во периодот од 2 до 15 јули.

Сепак, експертите предупредиле дека треба да бидеме внимателни кога споделуваме фотографии со апликации за вештачка интелигенција, бидејќи тоа можат да се користат за создавање нелегална содржина.

Новите технологии можат фотографиите да ги претворат во видеозаписи, кои потоа може да се користат за измами. Освен тоа, некои од видеата генерирани од вештачката интелигенција се толку реални, што тешко може да се препознае дали личноста на видеото е вистинска или производ на вештачка интелигенција.