четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Во среда барајте покачување на плата, а четврток е идеален ден за водење љубов

Во среда барајте покачување на плата, а четврток е идеален ден за водење љубов

Дали сте знаеле дека за сè постои идеално времe кога е најдобро да се направи, од време за секс, па се до продажба на станот и сериозен разговор со шефот?

За секс – четврток

Четврток е најдобриот ден за да имате секс, бидејќи, според истражувачите на Факултетот за економија во Лондон, природните нивоа на кортизол, кои влијаат на возбудата, во овој ден го достигнуваат својот врв.

За продажба на стан – петок

Трговците со недвижнини кои ќе одлучат да продаваат станови во петок имаат значително поголема шанса тоа да го направат успешно, тврдат од компанијата за недвижнини од САД, „Редефин“. Ова го соопштија по анализата направена на нивната работа, односно по истражувањето на судбината на 16 милиони понуди на пазарот за 21 месец.

Барање за зголемување на платата – среда

Седум од десет менаџери изјавиле дека најмногу зголемуања на плата одобриле во среда.

Свадба – петок

По традиција свадбите обично се одржуваат во сабота, но сепак, ако овој свечен настан го поместите за еден ден однапред, цената е многу пониска.

Да се откажете од цигарите – петок

Според научниците, волјата на човекот генерално е најсилнита во петок.