60 годишна жена чудно се движела низ аеродромот Шуитоу на тајванскиот остров Кинмен, поради што привлече внимание кај вработените од безбедносните служби.
Одлучиле да ја стопираат и да проверат што ја измачува. Кога жената го подигна здолништето, тие останаа во шок.
Жената околу своите нозе имала залепено 24 мали вреќи во кои биле сокриени глувчиња.
Жената која се враќала од Кина, на полицијата ѝ рекла дека ги купила тие домашни животни во таа земја и дека ги криумчари за пријателите. Полицијата не поверува во таа приказна туку повеќе веруваат дека таа е испратена од криумчарска мафија за да ја тестира работата безбедносните сили на аеродромот.
Во целата приказна, подебелиот крај го извлекоа животните кои потоа беа запленети.