четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Жена одлучила сама да си го шиша кучето за да заштеди пари – резултатот е урнебесен !

Жена одлучила сама да си го шиша кучето за да заштеди пари – резултатот е урнебесен !

Самостојните фризури станаа популарни за време на „заклучувањето“ поради пандемијата на коронавирусот а тоа важи и за домашните миленици. Некои не можеа да посетуваат салони за кучиња, додека други решија да заштедат денар и да ги шишаат своите миленици сами поради намалените приходи.

Ова го стори ТикТокерката Ферни Монтуфар, убедена дека таа може сама да се грижи за кучето и да заштеди околу 300 куни. Но, не се покажа како што очекуваше.

Резултатот го објави на „ТикТок“, а нејзиното видео е прегледано 4,4 милиони пати.

„Направив најдобро што можев и се чувствувам ужасно“, напиша Ферни во описот на снимката на која го покажа кучето пред и по третманот.

@fernaliciousdeff#greenscreen PICS AT THE END. Pls for the love of God, don’t come at me. I genuinely tried my best and feel horrible. I’m buying her an outfit tmrw🥲

♬ Pan con choclo – Angi_randxm.xD

Многумина добро се смееја на резултатот од фризурата.

„Кучето ја смени расата“, „Убеден сум дека ова се две различни кучиња“, „Кучето изгледа прилично разочарано“, се некои од коментарите.