среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Зошто мажите постојано гледаат во други жени?

Зошто мажите постојано гледаат во други жени?
Disloyal man walking with his girlfriend and looking amazed at another seductive girl

Иако скоро секоја жена ќе се налути кога ќе забележи дека нејзиниот избраник гледа во друга жена на улица, мажите тврдат дека таа љубомора е неоснована.

Жената се чувствува загрозено кога ќе го фати погледот на својот сопруг или дечко како гледа во друга, мислејќи дека ја споредува со девојката која ја погледнал. Сепак, мажите тврдат дека нивното мислење е сосем поинакво.

Без разлика колку е жената привлечна и самоуверена, низ глава ѝ минуваат мисли дека сопругот/момчето гледа во некоја друга бидејќи таа е позгодна и поубава. Потоа ќе помисли дека не му е доволна на партнерот, дека сака да ја замени или дека не ја сака доволно.

Мажите на ова реагираат поинаку. Според нив, тоа што се оженети или имаат девојка не значи дека не смеат да гледаат или да забележуваат убави жени околу себе. Но, и кога ќе го направат тоа не значи дека фантазираат за таа девојка. Во најголем број случаи, таа згодна девојка по која се свртеле им испарува од главата за многу кратко време.

Иако понекогаш ќе помислат дека таа друга жена е повеќе привлечна, на крајот на денот тоа воопшто не им е важно, сè додека се со личноста која си ја одбрале самите.