Една од корисните работи кои не научиле од малечки нашите мајки и баби се дека на гости не се оди со празни раце.
Одлучете се да давате, каде и да одите и кого и да сретнете.
Ако почесто давате на другите, почесто и ќе добивате добрина за возврат, благодарејќи на чудесното делување на законот за привлекување.
Затоа кога одите на гости однесете нешто, со тоа ќе привлечете повеќе среќа и убави работи да ви се случуваат во животот.
Кога вие добивате подарок, вашата способност за давање се зголемува.
Никогаш ништо не губиме зошто нашата суштина е – чист потенцијал и безгранични можности.
Затоа давајте за да ви се врати добрина.
Извор- Македонијаинфо