Малите промени можат значително да придонесат за изгледот на кожата. Кога станува збор за нега на лицето, бидете внимателни
Миењето е активност која е навика и за која не се размислува премногу. Со тоа што го третирате вашето лице на овој начин, правите некои од вообичаените грешки кога станува збор за негата, што може да предизвика вашата кожа да страда.
Овие грешки може да доведат до лоша состојба на лицето:
Ретко се миете
Некои луѓе избегнуваат секојдневно миење, верувајќи дека на тој начин ги отстрануваат природните масла од кожата кои го прават лицето хидрирано и го штитат од негативни надворешни влијанија.
Во ова има вистина, но доколку не се миете редовно, на кожата се акумулира вишок маснотии, што предизвикува воспаление и акни. Дефинитивно треба да го миете лицето секојдневно, два пати на ден.
Ги користите истите производи и во лето и во зима
Експертите советуваат во текот на летото да се користат посилни производи за нега и миење на лицето, како пени, гелови и други мијалници. Се препорачуваат препарати со салицилна киселина особено ако сте склони кон акни.
Во зима, треба да користите понежни гелови за чистење кои немаат толку многу сапун во себе, бидејќи сапунот може да ја оштети заштитната бариера на кожата, која е неопходна за заштита на кожата во зима.
Агресивни сте кон вашата кожа
За да не го отстраните природниот заштитен слој на кожата, не треба да користите средства за чистење на лицето во комбинација со други, поагресивни производи. Ова ќе ја направи кожата чувствителна на надворешни влијанија и ќе ја зголеми можноста за иритација.