Хрватските политичари денеска на симболичен начин им го честитаа празникот на жената подарувајќи им црвени рози.
Но, додека политичарите порадуваа рози еден детаљ им го одзеде вниманието на хрватските фоторепортери и камермани, а кадрите станаа вистински хит низ целиот регион.
Станува збор изгубена вилица на некоја жена која се туркала во гужвата и мешаницата околу земањето на розите и поздравувањето со политичарите.
Дали на крајот сопственичката ја пронашла својата вилица засега не е познато, но едно е јасно, целиот регион денеска е позитивно насмеан од овие кадри.