понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

„Бев во кома, во живот ме врати починатото момче од градинка“

„Бев во кома, во живот ме врати починатото момче од градинка“

Велат дека таму не’ чекаат нашите драги починати лице. Не мора да се плашите, порачуваат оние кои умреле, а потоа се вратиле во своето тело – смртта не е крај. На онаа страна животот почнува.

На Лилјана на 37 години и била дијагностицирана аневризма во мозокот. Оваа болест значи дека има појава на абнормално отекување. Сама по себе таа не претставува здравствен проблем. Личноста на која и е дијагностицирана со неа може да живее со години, без знаење дека ја има се додека не се открие на некој преглед.

Но, може да се случи и да не се открие бидејќи оваа болест нема симптоми. Доколку таа пукне, доаѓа до излив во мозокот проследен со интензивна болка за која докторите се сложуваат дека е една од најлошите кои човек може да ги доживее.

Пукната аневризма вообичаено ја има смртта за последица. Тоа и се случило и на Лилјана во 1999 година.

-Едно утро се разбудив сосема здрава, со бескрајно среќен ден пред себе. Денот полн со обврски, но не ми претставуваа товар. Беше ден како и сите други. До бањата се беше во ред, но тогаш нешто ме пресече. Главата толку силно ме заболе што мислев дека внатре ми експлодирала бомба. Главата ми се распаѓаше, имав чувство дека ми се претвори во парчиња скршено стакло. Помислив дека можеби се синуси и отишов во болница. Таму му рекоа дека „главата е во прашање“, раскажува Лилјана.

Докторите претпоставувале за што станува збор, сакале да ја остават на набљудување и да и направат дополнителни анализи. Но, Лилјана не се согласила. Имала премногу работа за тој ден. Во градинката каде работела имала обврски, а дома ја чекал текст за претстава која ветила дека ќе го направи. Беспотребното лежење во болница никако не влегувало во нејзиниот распоред.

-А што ќе правам во болница ако не ми е ништо? Имав 37 години. Што може да ти се случи со 37 години? Малку ме боли главата, но тоа е тоа, мислев дека е од многу работа. Ги одработував моите смени и помагав во туѓи. После работа на децата им држев часови по ритмика. Си создадов темпо 500 на час и не се откажував. Мислев дека затоа ме боли главата. Меѓутоа, се утврди дека тоа што ме погоди никако не било безначајна главоболка. Беше тоа малку потешка приказна со која морав да се помирам, но и со фактот дека останав без половина тело, дека со левата рака и нога не можам ништо да направам, а не гледав ниту на десното око. Болката ме направи неподвижна, со црна прогноза од докторите, вели таа.

СЕДУМ ДЕНА БИЛА ВО КОМА

По прегледот тој ден  се врати во градинка, на своите дневни обврски. Трпела уште неколку часа, не занемарувајќи ја работата. А потоа нејзиното тело повеќе не можело да го издржи силниот напор. Околу 13 часот имала уште еден напад на силна болка и паднала во несвест.

-Се разбудив, мислев дека е истиот ден. Надвор се стемнуваше, а на оделот во болницата почнаа полека да се палат светлата. Мислев дека сфаќам што се случува. Се онесвестив. Веројатно во паника ме однеле во болница. Се ми се чинеше јасно. Ми се слошило и сега сум во болница. Лежам во болнички кревет. Мојот мозок ги прифати фактите. Прва личност која ја видов пред мене по будењето беше мојот брат. Денот кога се онесвестив требаше да го земам мојот внук, на брат ми синот, од градинка и да го однесам дома. Кога го видов брат ми му кажав дека не успеав да го земам детето. Брат ми изненадено ме погледна. На лицето му се виде олеснување бидејќи ментално бев во ред, а се плашеле дека нема да бидам. Излета од собата. По него, влезе мојата колешка. Таа знаеше дека бев задолжена да го напишам текстот. Ја тешев, и велев дека не треба да се грижи, дека ќе го напишам. Само ми одговори дека мора да спијам, да не се секирам бидејќи претставата била пред седум дена. Тогаш сфатив дека сум била во кома. И понатаму тешко сфаќав што ми се случило. Одбивав да прифатам какви последици оставила болеста. Потоа дојде еден родител, инаку доктор, и ме праша дали знам кој е тој. Не ми беше јасно како може да ме прашува таква глупост. Зошто не би знаела кој е тој? Тој е татко на девојчето кое оди кај мене на ритмика. Ме молеше да му пружам рака да се поздравиме. Ме збуни. Се чудев зошто инсистира да му ја подадам раката. Тој всушност сакал да провери дали сум ментално во ред и дали имам сила во раката. Во тој момент се уште не знаеш дека половина тело ми е одземено. Само чувствувал страшна болка, особено во левата страна. Ми трнеше телото. Имав чувство дека сум изгорено дрво. Болките беа ужасни, многу страдав. А тоа беше само почеток на агонијата, се потсетува Лилјана.

МАЛОТО МОМЧЕ ГО СРЕТНАВ ВО КОМА

Додека лежеле во кома, доживеала средба која остана длабоко во нејзиното сеќавање. На работ на животот и смртта, каде немале појма за времето, Лилјана сретнала починато дете од една од претходните групи од градинката.

-Не знам дали беше тоа првиот, вториот или седмиот. Можеби се случи и веднаш откако се онесвестив. Можеби било кога веќе се будев. Не знам ни колку траело, секунда, две, неколку часа или цела вечност. Таму нема време, онака како што го доживуваме тука. Но, како и да е, од таа страна сретнав мое дете. Беше дете од мојата група од градинка. Прекрасно дете со заразна насмевка и очи полни добрина.

Јас сум тетка. Мене децата ми значат се на светот. Сите ги сакам бескрајно, но тој навистина беше посебен во свет. Беше моја голема љубов. И кога веќе порасна и тргна на училиште и натаму се посетуваше во градинка. Но, кога имаше 11 години сериозно се разболи. Набрзо по поставената дијагноза почина. Нашиот ангел отиде. Беше тоа страшен удар. Едноставно тоа не изгледаше праведно. Барав одговор и никогаш не го добив, а тоа го сретнав во кома. Го немаше својот вообичаен изглед, но го чувствував по топлината. Над главата видов светлосна кугла, изгледаше како сонце, така светеше, а беше толку жолта. Тој беше тоа сонце. Ништо не зборуваше. Ни јас ништо не можев да кажам. Но мислам дека успеа, стигна до мене и ми пружи утеха. Дојде тој до својата тетка која е болна. Јас сум уверена дека моето дете од градинка ме спаси, дека тој е мојот мал ангел чувар, раскажува Лилјана.

Средбата со нејзиното момче, не била единствена која Лилјана ја доживеала додека била во кома.

Ја сретнала пријателката на нејзината мајка која еден ден претходно била прегазена од воз.

Периодот кој следувал по будењето од кома бил најтежок во животот. Пред неа биле месеци обиди за закрепнување и болни терапии.

-Семејството ми беше главна поддршка. Ја слушнаа дијагнозата и веднаш се организираа, секој имаше своја улога за да ми помогнат. Затоа успеав да се опоравам многу брзо. Денес одам, се грижам сама за себе. Се траеше долго, беше исцрпувачки ментално и физички, но успеав. Тоа е најверојатно нешто што морав да го поминам. Како што морав да ја запознаам смртта и да сфатам дека таа не значи крај. Дека таму од другата страна не чекаат оние кои не напуштиле, или барем така мислам, заклучува Лилјана која подоцна продолжила да работи во градинката.