четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Божјо чудо за малиот херој: Докторите советуваа абортус и предвидуваа смрт, но ова дете ги победи сите нивни прогнози

Божјо чудо за малиот херој: Докторите советуваа абортус и предвидуваа смрт, но ова дете ги победи сите нивни прогнози

Ноа Вал успеа да преживее и покрај прогнозата на докторите кои 5 пати им предлагале на неговите родители да направат абортус.

Шели и Роб Вал го одбиле советот на докторите за абортус, со оглед на тоа дека било констатирано дека нивното бебе во стомакот нема мозок. Тие се држеле до својата одлука да го дочекаат својот син.

Ноа е роден со само 2% мозок. До неговата трета година тој веќе пораснал до 80 %, а 6 години подоцна нивниот син ги победил сите лоши прогнози на докторите и успеа да има мозок.

Иако на родителите им било кажано дека нема шанса да преживее, Ноа ги победи сите предвидувања. Неговиот татко открива дека имало доктори кои сметале дека во неговата мала глава нема воопшто мозок. Други им велеле дека неговиот мозок е сместен во многу мал простор и дека тоа ќе се промени кога ќе се роди.

Поради сомнеж дека мозокот е компресиран, се закануваше опасност дека тој ќе се роди со некое пореметување и деформитет. Неговиот татко истакнува дека причината поради која не се откажаа е тоа што тој и неговата сопруга биле возрасни и зрели луѓе, кои доколку би биле помлади веројатно би паднале под влијание на докторите кои ги советуваа за абортус.

Тие одлучиле Ноа да добие шанса да се бори за живот со нивна помош и се исплатило. Иако докторите им рекле на родителите дека момчето ќе нема да може да зборува, гледа, слуша или јаде и дека ќе биде психички заостанато, Ноа не покажува никакви симптоми од наведените. Ова чудо од дете е родено на 11.11 во 11 часот.