четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Бремена жена се шокирала кога сопругот и предложил име за нивното дете: „Ова е пречудно!”

Бремена жена се шокирала кога сопругот и предложил име за нивното дете: „Ова е пречудно!”

Една бремена жена и нејзиниот сопруг наскоро треба да добијат ќерка. Но, за разлика од многу родители за кои изборот на име е предизвик, овој татко точно знае кое име сака да и го даде на девојчето. Неговата сопруга на Фејсбук откри дека тој и неговото семејство ја критикуваат затоа што одбила да ја именуваат својата неродена ќерка по неговата покојна сопруга. Кога нејзиниот сопруг и кажал за планот, таа била во шок.

– Мојот сопруг и неговото семејство велат дека претерувам затоа што одбивам да ја именувам нашата ќерка по неговата покојна сопруга. Жалосно е што таа почина, но мислам дека веќе сум доволно разумна затоа што нивните слики од венчавката се наоколу куќата и сопругот го носи нивниот венчален прстен на ѓердан околу вратот. Мислам дека именувањето на нашето дете по неа е премногу. Не сум во право? – ги прашала своите пријатели на Фејсбук, каде повеќе од 1.500 корисници се согласиле со неа.

Повеќето беа згрозени од овој себичен предлог, додека други напишаа дека на нејзиниот сопруг му треба стручна помош за да ја преболи смртта на неговата поранешна сопруга.