сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Децата на возраст од две до четири години понекогаш тешко заспиваат

Децата на возраст од две до четири години понекогаш тешко заспиваат

Децата на возраст од две до четири години обично спијат 11 – 12 часа ноќе, при што преку ден преспиваат еден до три часа. Поставувањето време за спиење што е погодно за сите дома и придржувањето до него е одлично за одржување редовна шема на спиење.

Но, децата како да „се програмирани“ тешко да заспиваат кога се преуморни. Советот тука, според познавачите, гласи – придржувајте се кон шемата на малечкото, секогаш кога е можно (секако, ќе има исклучоци) и заспијте го во „неговото“ вообичаено време.

Заспивање навреме
Додека се пробуваат нови техники за детето да остане будно додека треба – не предоцна, но и не прерано, се работи рутината пред спиење, до колку што е разумно… „Дали сакаш уште една чаша вода?“ – Дајте му. „Дали сакаш други пижами?“ Па мало, но разумно одолговлекување… „Сакаш да му кажеме ‘добра ноќ’ на мачето?“ – Готово. Дозволете му / ѝ уште една желба – на пр, ако сака уште една страница од детската книга – нека ја слушне, но родителот тука веќе треба да нагласи дека тоа ќе биде последно нешто пред спиење.

Кошмарите
Сосема е нормално малите на посочената возраст да имаат страв од спиење. Сите, веројатно, еден дел од детството се плашеле од „чудовишето под креветот“ или „во плакарот“. Фантазијата е главно, корисно нешто, па гледајте на тоа како нешто позитивно и нормално.

Познавачите велат, охрабрете го детето да зборува за своите стравови, за да се открие што ќе го смири – ноќно светло или брза проверка под креветот. Иако сѐ тоа е по малку страшно во мигот, со доволно прегратки и смирувачки зборови, малечкото наскоро ќе заборави на „чудовиштата“.

Поголем кревет
Родителите треба да знаат дека оваа возраст – две до четири години, е вистинското време за замена на креветчето со нормално голем кревет.

А, при оваа промена, може да биде потребно и мало охрабрување во облик на пофалби дека детето „сега е голем /-а“ и слично. Со цел тоа да го почувствува новиот креветот како веќе негов / нејзин, дозволете му / ѝ да си ги избере постелнината, боите, обликот, текстурата.