вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Св. маченик и архиѓакон Лаврентиј

Денеска е Св. маченик и архиѓакон Лаврентиј

Времето на маченичката смрт на архиѓаконот на Римската црква Лаврентиј е годината 258. Во овој период христијаните во градот Рим се гонети особено жестоко, посебно епископите. Во текот на жестоките прогони во тоа време беше затворен и Лаврентиј.

Во затворот се сретна со некој долгогодишен затвореник Лукилиј, го исцели од слепило и го крсти. А кога управникот на затворот Иполит дозна за ова и самиот поверува во Богот на Лаврентиј.

Лаврентиј и во затворот никако не попушташе во исповедањето на Христа. Дури и императорот го прекори за неговата празна вера во идолите и го уверуваше дека христијанскиот Бог е единствениот жив Бог.

Лаврентиј беше ставен на тешки маки, на кои најпосле им подлегна. Неговите мошти ги зеде Иполит и ги погреба во една пештера. Три дена подоцна како христијанин беше погубен и управникот на затворот Иполит.