петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Св. новомаченица Злата Мегленска, не сакаше да се откаже од Христа и по цена на животот

Денеска е Св. новомаченица Злата Мегленска, не сакаше да се откаже од Христа и по цена на животот

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 октомври.

Денеска е Св. новомаченица Злата Мегленска.

Света Злата беше родум од село Слатино, Мегленско во Егејска Македонија, од сиромашни родители. Еднаш, кога беше излегла по вода, ја пресретнаа некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа.

Еден од нив и понуди да се потурчи и да му стане жена, но света Злата му одговори: јас во Христа верувам и Тој ми е младоженец; од Него нема никогаш да се откажам. Тогаш дојдоа и нејзините родители и сестри и ја убедуваа да се откаже од Христа и да ја прифати понудата на Турчинот, но таа и тогаш не се согласи.

Тогаш Турците ја ставија в затвор и во тек на три месеци секојдневно ја камшикуваа. Најпосле ја обесија на дрво, а нејзиното тело го исекоа на парчиња. Света Злата Мегленска пострада за Христа во 1796 година.