четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Детето не може да спои два дена во градинка поради болест – до кога?

Детето не може да спои два дена во градинка поради болест – до кога?

Родителите на малите деца често се соочуваат со разни инфекции и болести кога тие ќе тргнат во градинка или пак во забавиште. Како што објаснуваат педијатрите, причини има многу, но најголем дел од нив произлегуваат од фактот дека децата живееја „во балон“ за време на пандемијата.

-Родителите не се навикнати да имаат болно дете. Тоа е бидејќи многу од децата се родени за време на пандемијата и овие деца всушност животот досега го минале во балон, вели доктор Дајан Хес, медицинска директорка на Грамерси педијатријата во Њујорк.

Социјалната дистанца, носењето заштитна маска, карантинот само придонеле резистентноста на вообичаените патогени вируси да се намали. Сепак и пред пандемијата децата кои почнувале да посетуваат градинка доаѓале во контакт со разни инфекции кои претходно веројатно ги немале.

-Пред пандемијата, ги уверувам родителите дека децата веднаш се разболуваа кога ќе почнат да одат во градинка бидејќи се изложени на многу облици на настинка и други детски болести. Сега, две години по пандемијата, јас ова би го помножила со 100. Тоа не значи дека детето кое ќе се разболи е опасно. Тоа сега може да се случи одеднаш наместо постепено, вели доктор Хес.

Дали родителите тоа можат да го спречат?

-Навистина единствен начин на кој може да спречите да добиете вирус или друга болест е да не бидете во близина со некој кој има вирус, а тоа е многу тешко. Миењето раце може да помогне во забавување на ширењето на вирусот, како на пример стомачниот грип, но за вирусите и настинките кои се шират преку воздух тоа може да биде многу тешко, истакнува доктор Артур Лавин, педијатар во Детската болница Акрон.

Лавин препорачува да ги научите децата да мијат раце по јадење и по користење на бањата за да се намали преносот на вирусите и инфекциите кои ги шират децата. Родителите не можат целосно да го спречат ширењето, но постојат начини да се намали ризикот од инфекции.

-Овозможете му добар сон и здрави навики во исхраната за да го зајакнете неговиот имунитет. Поминувајте време во интеракција со своите мали на позитивен начин за да намалите нивото на стрес. Избегнувајте било какво изложување на чад бидејќи тоа може да им пречи на белите дробови и да ја зголеми шансата за респираторни вируси кои може да предизивикаат сериозна болест. Уверете го вашете дете да зима лекови на начинот на кој се препишани, вели Лавин.