Мајка на девојче од Англија почнала на паничи кога утрото на раката на ќерката здогледала огромна дупка.
Џејми Андерсон (41) од Есекс во Англија се загрижила за својата седумгодишна ќерка Бела, кога на раката и видела страотна каснатина.
-Не можеше да се сети што ја гризнало. Кога комарец ќе гризне дете, тоа добива реакција, но ова не е каснатина од комарец. Ситуацијата беше многу полоша. Морав да ја однесам во болница, рече мајката.
Медицинските сестри во почетокот не препознале за што се работи, па ја испратиле дома.
Времето поминувала, а раката на Бела станувала се полоша и полоша.
-Почна да и тече гној и да и отпаѓа кожата. Од ден во ден раната и се зголемуваше. Повторно отидовме во болница и лекарот кој не прими на прв поглед утврди дека се работи за каснатина од лажна црна удовица. Сите се шокираа, истакнува Џејми.
Иако раната изгледа страотно и многу болно за Бела, ситуацијата беше значително поинаква.
-Во првиот налет мислевме дека Бела мора итно на операција, но и дадоа антибиотици и раната се смири, велат докторите.
По неколку дена раната кај седумгодишното девојче почнала убаво да зараснува.