недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Доењето помага при согорување калории

Доењето помага при согорување калории

Со цел да произведе мајчино млеко, телото согорува дополнителни калории. Мајките согоруваат околу 500 дополнителни калории дневно додека произведуваат мајчино млеко, што може да доведе до побрзо губење на тежината по породувањето.

Познато е дека мајчиното млеко ги содржи потребните витамини, масти и протеини кои се потребни за зајакнување на имунолошкиот систем и здрав развој на детето. Бебињата би можеле да бидат посмирени и поотпорни, што би значело помалку настинки и подобар дигестивен систем.

Но, и мајките би имале корист од доењето на своите бебиња. Доењето може да помогне да се намали ризикот од дијабетес тип 2, одредени видови на рак на дојка и рак на јајниците. Исто така, матката може побрзо да се намали поради хормонот окситоцин, кој се ослободува за време на доењето.

Според Американскиот колеџ за гинеколози (ACOG), доилките дневно излачуваат од 450 до 500 калории во мајчиното млеко, па затоа се препорачува да внесуваат повеќе калории доколку сакаат да ја задржат својата тежина.

Сепак, тоа не значи дека доењето е чудо за слабеење, но може да го забрза процесот. Се верува дека внесувањето на само 1800 калории дневно треба да помогне во постепеното слабеење и во исто време да даде енергија.

На доилките им се препорачува храна како што се: интегрални житарки, сушено овошје, темно лиснат зеленчук, јајца, агруми, семки, посно месо, морска храна со мала содржина на жива, јајца и млечни производи.