петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

„Дознав дека сум бремена на породувањето“: Немала ни труднички стомак, ниту мачнини (ФОТО)

„Дознав дека сум бремена на породувањето“: Немала ни труднички стомак, ниту мачнини (ФОТО)

Вивиан Вајс Рузвеласко (20) пред десет месеци станала мајка, и покрај тоа што немала труднички стомак, мачнини и било какви симптоми кои укажувале дека е бремена,

Таа пиела, вежбала, излегувала често со пријателите и своето момче Танатио Гонзалес.

Но на една роденденска забава добила чудни болки во стомакот, а кратко по тоа станала и мајка. Породувањето било шок за неа и за нејзиното момче, а кај нив се појавиле и грижи за тоа како ќе ја платат болничката сметка, но и како ќе се грижат за детето бидејќи се млади и ништо не знаеле.

-Дознав дека сум бремена кога веќе бев во родилна сала. Веднаш се шокирав од многу причини. Прашав дали бебето е добро и што ќе правам со него, никогаш не сум држела бебе во животот. Се грижев што се’ треба да купам и во тој момент светот ми се сруши, вели Виван.

На почеток и било многу тешко бидејќи немала никакво искуство, но со време се’ научила и сега ужива.

-Фактот дека морам да го учам за животот е толку убав, тој веќе оди во градинка и среќен е. Тој е мојот син, мојот партнер и љубовта моја, и искрено е најдобрата и најмалку очекуваната работа која можеше да ми се случи, признава Виван.

Девојката два дена се чувствувала „лошо“, но сепак одлучила да отиде на роденден забава кај својата пријателка. Почнава да чувствува силни болки во стомакот и колковите и си заминала. Следниот ден отишла на работа, но болките не престанале и одлучила да се напие апче за да ги ублажи. Всушност, младата девојка имала контракции и следното утро отишла во болница. Тогаш го родила синот Матиас.

-Многу луѓе не ми веруваа и мислеа дека тоа не е можно, дека ги лажам, вели девојката.

Додека едни жени биле шокирани, други коментирале дека оминале низ иста или слична ситуација.