понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Држете се до препорачаните дози кога го хидрирате своето тело

Држете се до препорачаните дози кога го хидрирате своето тело

Веќе сигурно знаете дека дневната препорачлива доза за консумирање вода е од 6 до 8 чаши. Сето тоа придонесува за нормално функционирање на психофизичките функции на телото.

Доколку имате сува уста, жед, вртоглавица или пак главоболка, тогаш потребно е да го хидрирате телото со консумирање на повеќе вода во текот на денот.

Доволната хидратација на телото ќе му овозможи правилно функционирање, додека пак магнезиумот ќе го зголеми нивото на енергија и ќе го намали чувството на исцрпеност.

Магнезиумот претставува минерал без чие присуство реакциите во организмот не се одвиваат во најдобар ред. Препорачливата доза за дневен внес на магнезиум е 300мг за жени и 420 мг. за мажи. Неопходен е за функционирање на нервниот и мускулниот систем.

Заморот и исцрпеноста можат да бидат последица на недоволно внесување на овој минерал.

Високиот крвен притисок, дијабетот, остеопорозата и многу други болести исто така се резултат на недоволно количество на магнезиум во човечкиот организам.

Држете се до препорачаните дози

За добар метаболизам, повеќе енергија и помалку умор важно е да бидете умерени во сè што консумираме, вклучувајќи ја и водата со магнезиум.

Со препорачливите дози, ќе имате пред сè хидрирано тело, правилно функционирање на метаболизмот и најважно, ќе чувствувате помалку замор.