среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Еден лист од оваа магична билка во комбинација со мед ќе направи чудо за вашиот организам – народен лек кој многу помага

Еден лист од оваа магична билка во комбинација со мед ќе направи чудо за вашиот организам – народен лек кој многу помага

Освен што се препорачува како природен лек за цисти и миоми, комбинацијата на чуваркуќа со мед може да се користи за детоксикацијa кај здрави лица. Исто така, доколку се измеша со топла вода, смесата со чуваркуќа и мед помага за намалување на температурата.

Состојки:

125 грама листови од чуваркуќа

250 грама мед.

Подготовка:

Листовите од чуваркуќата измијте ги, а потоа ставете ги врз сува крпа и добро избришете ги. Потоа ставете ги во блендер, сечко или измелете ги со машина за мелење месо. Со дрвена или пластична лажица измешајте ја смесата со медот.
Добиената смеса ставете ја во стаклена тегла и добро затворете ја со капак. Теглата завиткајте ја со фолија или темна хартија за да заштитите од светлина. Оставете ја во фрижидер да стои за време од 7 дена. Во текот на деновите измешајте ја 2 до 3 пати, затоа што на површината ќе се згусти, а во долниот дел ќе биде поретка. Добиената смеса ќе ви биде доволна за 10-тина денови.

Дозирање:

Чуваркуќата со мед се зема 3 пати на ден по една лажица, по овој ред:

Една лажица се зема наутро на празен желудник. После тоа за времетраење од 30 минути не треба да се јаде или пие.

Една лажица се зема помеѓу ручекот и вечерата (најмалку 2 часа после ручекот и 30 минути пред вечерата).

Една лажица се зема пред спиење.

Притоа треба да се користи пластична или дрвена лажица. Колку долго ќе трае терапијата зависи од големината на миомите или цистите. За помали цисти може ќе биде доволен третман од 20 денови. За средни и поголеми миоми чуваркуќата со мед користете ја во рок од 3 месеци, а после тоа направете контрола. Доколку има подобрување на состојбата, направете пауза од 2 недели и продолжете со третманот уште 3 месеци.

Совети плус: Несаканите појави се ретки, а доколку се јават се со благ интензитет. Најчесто се манифестираат со зголемено лаксативно или диуретично дејство. Поретко може да се јават мачнини и повраќање. Овој третман не се препорачува за лица алергични на мед и дијабетичари. Имајте во предвид дека ова е помошен третман и не е замена за лековите кои ќе ви ги препорача вашиот доктор.