Секоја љубовна врска е различна. Различно е и секое раскинување. Но зборот кој по ова сите сакаме да го чуеме е ист. „Згрешив“.
Приказната во продолжение е нешто во кое многумина ќе се пронајдеме.
Бев на една предновогодишна забава, во моментот стоев сама сред полна соба и во глава ми се вртеше една песна која ја немав слушнато којзнае од кога. Тогаш го здогледав него, мојот поранешен дечко, како влегува во просторијата, а јас се трудев да делувам како воопшто да не ми е грижа и дека сум заборавила како ми го распарчи срцето пред неколку месеци. И решив да го игнорирам.
Но, тој не ме игнорираше мене. Напротив, дојде до мене и силно ме прегрна. Прегратката беше искрена и ми рече дека му е мило што ме гледа. Во тој момент се молев да не ме предадат колената.
И така цела вечер зборувавме за некои општи работи и на крај рече дека ќе ме однесе дома. И така се најдов на совозачкото место до него, во автомобилот кој ми беше толку познат. Тој застана и ми одржа краток говор, кој го започна со едно многу важно и моќно зборче: „Згрешив”.
На крајот на секоја врска – без оглед на тоа дали се работи за пријателство, љубов или чудната, мистериозна зона помеѓу тие две – ако вие сте личноста која си заминала со љубезни зборови, а другата страна ужасно се однесувала со вас, тогаш тие на крај ќе се помират и ќе признаат колку лошо се однесувале со вас.
Кога човек зрело се справува со работите – на крајот секогаш излегува како победник. Можеби и ќе го слушнете зборот: „Згрешив.” Верувајте ми дека доволно е само тоа едно зборче коешто ќе ви донесе некаков мир после сите тие ноќи кога сте заспивале плачејќи.
Можеби нема да бидете најдобри другари, ниту пак ќе се смирите, но кога ќе ги завршите работите со гордо исправена глава, има шанса за поправка. Дури и кога има солзи, не кажувајте ништо во моментите на лутина.
Најсреќни луѓе се оние кои имаат контрола над своите мисли и чувства, дури и кога светот околу нив се распаѓа.
Не ги мразете вашите поранешни, не се обидувајте да им вратите, не кажувајте работи за кои ќе се каете. Нељубезноста дава некое краткорочно задоволство, но тоа е навистина кратко. А откако се ќе биде кажано и направено, откако ќе се смири бурата, луѓето највеќе го паметат начинот на кој сте се справиле со тој последен момент. И ако сте се справиле со тоа што сте рекле: „Со среќа”, тие можеби и ќе се вратат. Ако ги завршите работите со тоа што ќе ги отерате таму каде што не изгрева сонцето, тие ќе ве мразат поради тоа. Па затоа, дури и ако го заслужуваат секој среден прст, сепак воздржете се.
Ако сте се справиле на зрел начин, вие ќе се смеете последни кога ќе го чуете тоа магично зборче: „Згрешив” и ќе си заминете со насмевка, затоа што вие цело време и сте го знаеле тоа.