недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Едноставни рецепти за енергија и имунитет: Три чаши полни здравје

Едноставни рецепти за енергија и имунитет: Три чаши полни здравје

Лимонот и ѓумбирот се познати како најефикасните природни производи кои ја подигнуваат енергијата и го зајакнуваат имунитетот.

Внесувајте ги преку овие три рецепти:

Пијалак од ѓумбир

Потребни ви се едно јаболко, сок од два лимона, парче ѓумбир и куркума.

Изблендирајте ги состојките и разредете со сосема малку вода. Пијте го овој пијалак 3 пати неделно.

Чај од лимон со јаболков оцет

За овој рецепт ви се потребни вода, парче лимон, две лажици јаболков оцет и по желба мед. Измешајте ги оцетот и медот, прелејте со 200 мл млака вода и ставете парче лимон.

Еликсир од ѓумбир

Поголемо парче ѓумбир излупете го, исечете го на парчиња, ставете во тенџере и прелијте со 300 мл вода и ставете да се вари додека да зоврие. Оставете да се олади околу 10 минути и додадете сок од половина лимон, малку бибер и куркума, а по желба можете да ставите и мед.