недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Еве што открива вашата боја на очи

Еве што открива вашата боја на очи

Иако бојата на очите се смета за наследна карактеристика, одамна е познато дека токму тие може да го откријат и карактерот на личноста.

Каква боја на очи имате? Откријте го нивното значење:

Црни очи

Иако не постојат потполно црни очи, некои очи имаат толку темно кафена боја што оставаат посебен впечаток. За то со темни, речиси црни очи се вели дека се темпераментни, полни со страст и хиперактивни. Предадени се на она што го прават, постојано се натпреваруваат и сакаат да привлекуваат внимание. Освен тоа, се опишуваат и како таинствени и тешко заљубливи. Сепак, кога ќе се заљубат се предадени, а единствена маана им е потребата за расправии и нестрпливост.

Сини очи

Сината боја на очи е интензивна и впечатлива, па затоа се поврзува со небото, енергијата и рационалното размислување. Луѓето со сини очи се сметаат за лесно достапни, шармантни и пријателски настроени. Освен тоа се спонтани, подготвени да испробаат нови работи и имаат развиена духовна страна. Одлични се во забележувањето на ситници, а единствена маана им е зборливоста, нетактичноста и брзината на јазикот.

Кафени очи

Кафените очи се поврзуваат со енергијата на земјата, креативноста, упорноста и плодноста. Луѓето со кафени очи се оние кои се сметаат за емпатични, независни и самоуверени. Исто така кафените очи се симбол на силен сексуален нагон, желба за дружење и екстравагантност. Материјалната страна не им е толку важна колку хармонијата во односите и позицијата во друштвото. Маана им е повремената тишина која ја обожуваат и чувствителното его.

Сиви очи

Сивата боја на очи е прилично ретка, па затоа симболизира мудрост и цврст карактер. Луѓето со оваа боја на очи се опишуваат како родени лидери кои можат да ги пронајдат решенијата кои никој друг не ги гледа. Лесно се прилагодуваат, смирени се и љубезни по природа. Не се претерано отворени, но често се романтични. Имаат рационален став во животот, верни се и сакаат доли врски. Маана им е претераната емотивност.

Зелени очи

Зелената боја на очи симболизира харизма, иновативност, младост и здравје. Луѓето со зелени очи се опишуваат како љубители на авантури и сите видови на уживање во животот. Добри се и снаодливи во друштвото и ретко се осамени. Имаат посебна страст, но во љубовта понекогаш не знаат и самите што сакаат, додека на другите полиња во животот имаат цврст став. Маана им е тврдоглавоста, желбата за манипулација и љубомората.

Очи кои ја менуваат бојата

Оваа прилично ретка комбинација од сини, кафени и зелени тонови е симбол на сила и храброст. Луѓето со очи чија боја се менува се опишуваат како бестрашни и подготвени на сите предизвици. Обично се физички прекрасни и привлечни, иако не сакаат да заведуваат. Способни се, но често пати и мрзеливи. Маана им е што често реагираат бурно и се склони кон делењето памет.