вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Пет најпопуларни бои за 2023 година, доминираат на модните писти

Пет најпопуларни бои за 2023 година, доминираат на модните писти

Овие бои се истакнаа на модните писти за 2023 година. По анализата на стотина ревии за пролет/лето 2023 година, резултатите се повеќе од конзистентни.

Откријте ги 5-те најпопуларни бои и најдете парчиња облека во овие тонови.

1. ВИОЛЕТОВА

Нежните тонови на виолетовата како јоргованот и лавандата ќе доминираат оваа пролет и лето.

2. ЦРНА

Вечна и безвременска, секогаш најбезбедна варијанта, црната ќе биде апсолутен хит оваа пролет, а подоцна и летото.

3. ЛИМЕТА

Оваа боја ќе биде нешто ново во гардеробата на повеќето луѓе, а доколку не сте доволно смели да ја носите сами, одберете барем некој детал.

4. БЕЛА

Оваа сезона белата боја е попосакувана од кога било досега, а за тоа се погрижија дизајнерите играјќи со неа во форма на широк спектар на дизајни – од свила до крзно.

5. ШАФРАН

Оваа енергична нијанса на црвена тешко можеше да се игнорира во колекциите на познати дизајнери, а најмногу се носеше од глава до пети на костуми и фустани.