Сите барем еднаш сме слушнале за приказна во која кучето било подготвено да го заштити својот сопственик со својот живот, било да е тоа возрасен или дете. И има стотици од емотивни видеа на Јутјуб каде кучето внимателно го покрива бебето без да го крене погледот од истото.
И, таа емотивна врска што е апсолутно драгоцена, тоа пријателство што е за цел живот, не е единствената придобивка од животот со домашно милениче.
Децата кои уште во раните години се во контакт со кучиња имаат помалку респираторни заболувања, особено ушни инфекции, а со тоа пијат и помалку антибиотици.
Кучињата развиваат длабока врска со нивните сопственици, нè учат на дружење и љубов. Но, кучињата покажуваат и посебна приврзаност кон децата. Тие се подготвени да ги заштитат по секоја цена, а неодамнешно истражување сугерира дека растењето со куче може да има неверојатно позитивно влијание врз здравјето и среќата на децата.
Според едно истражување спроведено од Американската академија за педијатрија, децата што живеат во дом со кучиња (и мачки!) се поздрави на неколку начини: „Децата кои порано стапуваат во контакт со кучиња се чини дека имаат помалку респираторни инфекции, особено ушни инфекции и пијат помалку антибиотици.“
Живеењето со кучиња ја зајакнува отпорноста кон инфекции – а сличен резултат има и кај домашните мачки. „Мачките исто така покажаа заштитен ефект врз доенчињата, но не толку силно како кучињата.“
Покрај придобивките за физичкото здравје, раната социјализација со кучиња може да им помогне на децата да научат за грижата и да развијат емпатија и одговорност и сочувство кон другите живи суштества. Во однос на среќата и менталното здравје, се верува дека животните ја подобруваат емоционалната благосостојба на сопствениците и го намалуваат стресот и вознемиреноста – дури и кај децата. „Да се има куче како домашно милениче е поврзано со намалена веројатност за депресија кај децата.“ – се вели од Центарот за контрола и превенција на болести во Висконсин, САД.
Извор: НАНЕ