четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Еве зошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом: Истражувачите откриваат колку се корисни!

Еве зошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом: Истражувачите откриваат колку се корисни!

Науката откри зошто не треба да убиваме пајаци. Тие се всушност важен дел од природата, како и нашиот затворен, домашен екосистем.

Многу луѓе на своите домови гледаат како на простор целосно изолиран од природата и инсектите и не толерираат пајаци внатре, иако тие навистина можат да бидат корисни.

Студија спроведена од тим од Универзитетот во Северна Каролина докажа дека од 50-те куќи што ги прегледале, во секоја живее одредена количина пајаци.

Подрумските пајаци понекогаш ги оставаат своите мрежи за да ловат други пајаци на нивниот терен, имитирајќи го пленот за да ги фатат своите „роднини“ на вечера, пишува TNW.

Бидејќи пајаците имаат тенденција да јадат се што ќе фатат, тие често убиваат други штетни инсекти во куќата, како што се комарци или стоногалки.

Истражувачите нагласија дека стравот од пајаци е потполно природен, но дека тие всушност се фасцинантни суштества што го ослободуваат нашиот дом од други инсекти.