Летото е сезона со која се поврзуваат боите, колоритноста, радоста… Истото важи и за летните нокти. Јули и август се создадени за весели нијанси, шаренило и најслатки детали на ноктите.
Додека некои од вас се мајстори за маникир и создаваат вистинска мала магија, други сепак сакаат да се препуштат во вештите раце на експертите.
Без разлика на која група припаѓате, ова лето изберете шарени, весели опции за вашите нокти со кои нема да погрешите.
Во продолжение издвојуваме за вас неколку идеи.