Уште во мај кога браќата и сестрите го прославија својот прв роденден, Гинисовата книга на рекорди објави дека е соборен светскиот рекорд според најголемиот број на преживеани родени деца на едно породување.
Единствената деветорка на светот, по повеќе од една година во болница си замина дома.
Во мај 2021 година Хаиме Сисе и Абделкадер Арбиј станаа родители на 9 деца, пет девојчиња и четири момчиња.
Бебињата имале меѓу 500 грама и 1 килограм тежина, па поминале месеци во инкубатор, а со соодветна грижа и лекарски надзор тие се пуштени дома, во Мали.
-Пред нас се многу обврски, но Бог ќе ни помогне да ги одгледаме и да се грижиме за нив, изјавил таткото Арби.
Откако бебињата го прославиле првиот роденден, таткото откри дека тие се многу популарни во Мали и сите едвај чекаат да ги видат.
Мохамед, Бах, Елхаџи и Оумар се имињата на момчињата, додека малите девојчиња се викаат Хава, Адама, Оуми, Фатума и Кадидија.