четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ФОТО: Ниту еден градник не е како овој, од неговата цена ќе ви се заврти

ФОТО: Ниту еден градник не е како овој, од неговата цена ќе ви се заврти

Важен дел од ревиите на Викторија сикрет секако се фантастичните градници.

Оваа година најскапиот ја имаше честа да го носи Елса Хоск.

Цената на градникот е милион долари

Во продолжение ве потсетуваме кој каков градник носеше на ревиите во изминатите години и колку чинеа истите.

Цената во оваа приказна секако е важна.

Лаис Риберо овој градник го носеше во 2017 година во Кина. Златниот модел е вреден 2 милиони долари.

Задачата да го промовира магичниот градник на Викторија Сикрет, во 2016 година во Париз и припадна на Џасмин Тукис. Бело-зелениот модел чини 3 милиони долари.

Девојката со фантастичниот градник во 2015 година во Њујорк беше Лили Олдриџ. Цената изнесува два милиони.


Градници по поединечна цена од 2 милиони долари на ревијата во Лондон во 2014 година носеа Адријана Лима и Алесандра Амбросио.

Кендис Свонпол во 2013 во Њујорк се проштета по пистата во градник од 10 милиони долари.

Градник со цена од 2,5 милиони во 2012 година во Њујорк носеше Алесандра Амбросио.

Миранда Кер една година претходно носеше градник од 2,5 милиони.

Хајди Клум и Жизел Бундшен во 2001 односно 2005 година носеа градници од неверојатни 12,5 милиони долари. Овие два градници на Викторија Сикрет се и најскапите.