Џесика Падгет од сојузната американска држава Индијана го наежи светот со нејзините емотивни свадбени фотографии.
На фотографиите таа го прегрнува гробот на своето момче со кое требало да се венчаат на 19 септември годинава.
-Сакав денеска да бидам таму каде е и он, кажала оваа девојка додека била во посета на неговиот вечен дом.
Венчавката никогаш не била одржана бидејќи Кендал загинал во сообраќајна несреќа која ја предизвикал пијан возач минатата година во ноември.
Десет месеци по трагедијата која и го смени животот на оваа девојка таа сепак облече венчаница, а на една од фотографиите бил и тој до неа изработен во фотошоп програма.
Кендал инаку бил пожарникар, а таа се фотографирала и покрај неговата униформа, погледнете.