Фотографиите кои ќе ги видите во продолжение се само уште еден доказ дека природата го има последниот збор и покрај се’ му пркоси на човекот.
Пожарите во Австралија, кои започнаа со подметнување, а потоа беа разгорени и проширени од високите температури и ветерот уништија огромна растителна површина.
Екологистите, надлежните и љубителите на природата наоѓаат начини што поскоро да и помогнат на земјата да ги врати зелените површини, а во меѓувреме самата природата се погрижи да го направи своето.
По околу две недели минати од пожарите, се забележани нови растенија. Сивилото и црнилата кои ги оставија пожарите, почнуваат да ја добиваат бојата на природата.
Доктор Кимберли Симпсон, експерт за противпожарна екологија на Универзитетот во Шефилд објаснува дека ваквата појава е можна бидејќи овие растителни видови се подложни на чести пожари години наназад, па создале своевиден еволутивен притисок и развиваат брзо закрепнување по горењето.
Пронајден е и начин како да им се помогне на преживеаните животни со храна, но и да се регистрира нивниот број. Повеќе за тоа прочитајте ТУКА.