Во белградската населба Дедиње се наоѓа куќата во која се снимaa повеќе од 40 филмови, серии, реклами, спотови. Малкумина знаат што има во оваа вила и кој е сопственик на истата.
Околу вилата има шума, а во 1939 година ја изградил инжинерот Јован Краљевиќ. На фасадата има монограм ОЈК, кој ја претставува Оливера, сопругата на Јован, а К е презимето Краљевиќ.
Во вилата има повеќе од 20 соби, трепезарија, пет бањи и голем салон за гости. Има клавир кој е стар 120 години, а собите се уредени со винтиџ мебел.
Во оваа вила Цеца го снимаше спотот за песната „Кукавица“, а позната е по тоа што и таму е снимен филмот „Жикина Династија“, домот на Милан и Јелена.