среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СЕ РЕШИ ЗА НОВ БИЗНИС ВО РОДНОТО МЕСТО: Неда Украден изгради огромно здание кое реши да го издава по вртоглава цена за само 24 часа (ФОТО)

СЕ РЕШИ ЗА НОВ БИЗНИС ВО РОДНОТО МЕСТО: Неда Украден изгради огромно здание кое реши да го издава по вртоглава цена за само 24 часа (ФОТО)
Foto: Antonio Ahel/ATAImages, Printskrin: Booking.com

Српската пејачка Неда Украден ја реновираше својата родна куќа во Хрватска и изгради уште една вила во нејзина близина.

Оваа недвижност која ја изгради пејачката сега реши да ја издава и тоа за цена која е повеќе од „солена“.

Српските медиуми пишуваат дека цената на оваа вила од ден за изнајмување чини вртоглави 2.300 евра.

Оваа раскошна вила пејачката не ја направила само за семејно уживање, туку и за сите туристи кои можат да ја изнајмат во секое време.

Довербата за изнајмување пејачката ја доверила на една хрватска фирма, а доколку сакате да ја изјамите ќе мора да оставите и капар од 500 евра.

На гостите им стои располагање најмодерна и најнова технологија и апарати за домаќинство, како и приватна гаража и реквизити за деца.

Најнови вести