сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ГИ СТИСНА ГРАДИТЕ И СПОДЕЛИ ФОТОГРАФИЈА НА 73-ОТ РОДЕНДЕН – Неда Украден грми во бикини од кое ќе ви застане здивот (ФОТО)

ГИ СТИСНА ГРАДИТЕ И СПОДЕЛИ ФОТОГРАФИЈА НА 73-ОТ РОДЕНДЕН – Неда Украден грми во бикини од кое ќе ви застане здивот (ФОТО)

Пејачката Неда Украден денеска го слави својот 73 роденден. Таа во оваа прилика објави фотографија во костим за капење и бела кошула.

„Би можела да ви напишам сто реченици зошто е добро да се има роденден денес на оваа возраст! Но нема потреба. Сѐ е јасно! Одам да славам. На здравје“, напиша пејачката.

Фотографијата е направена во Бока Которска, а на Неда во коментарите среќен роденден ѝ честитаа многу колеги и пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

Пејачката неодамна во интервју за српски Курир проговори за својата музичка кариера и љубовниот живот и откри дали моментално е заљубена. Вели дека често ѝ се додворуваат помлади мажи, но никој не ѝ треба бидејќи сака да работи и тоа ја прави среќна.

Иако не е во врска, вели дека не ѝ недостигаат додворувачи, особено помлади кои, како што тврди, најчесто ѝ се додворуваат. „Постојано! Па, овие мои врсници кои сега одат со патерици и не можат да се качуваат по скали, нема да ми се додворуваат. Освен моите врсници кои се врвни, имено Брега и Чола.“

Најнови вести