Почитувајте го кодексот на облекување
Сèуште можете да го искористите убавото време за да го носите омилениот фустан на работа.
Меѓутоа, кога станува збор за облекување за деловни пригоди, треба да бидете внимателни затоа што сигурно не сакате да добиете укор за несоодветно облекување или да го прекршите кодексот на облекување на компанијата.
Освен должината, треба да се земат предвид уште неколку фактори.
Должина
Оваа сезона, должината на фустанот може да биде која било – од ултрамини до макси. Сепак, за во канцеларија најдобро е да носите нешто неутрално. Ако се работи за мини верзија, тогаш попрво изберете модели кои се малку над колената
Во случај на макси фустани, одете на фустани до средината на потколеницата. Фустаните со миди должина се најдобрата опција. Одлично се комбинираат и со потпетици и со рамни чевли.
Канцелариски фустани и боја
Постои мислење дека не треба да доаѓате во канцеларија во премногу шарени дезени. Ова е делумно точно: најдобро е да изберете фустани во темно сина, сива и црна боја. Точно, некои светли бои кои можат да се класифицираат како класични се соодветни и во деловната гардероба. Тука се вбројуваат црвената, смарагд и сенф бојата.
Дезен
Доколку сакате да додадете светлина и софистицираност на вашата канцелариска гардероба, ве советуваме да обрнете внимание на цветните принтови и пругите. Во првиот случај, моделот треба да биде воздржан, но во исто време доволно голем – малите цвеќиња во канцеларијата не се соодветни.
Што се однесува до ригите, сè е поедноставно: овој дезен може да биде апсолутно сè – геометријата секогаш изгледа строго и елегантно.