Проблемите со хормоните се многу почести кај жените отколку кај мажите. За да може вашето тело да се ослободи од токсините кои дополнително предизвикуваат проблеми, треба да внимавате што јадете и пиете. Размислете пред да нарачате брза храна колку ќе ве чини, а ќе чини многу повеќе од парите што ги давате, бидејќи ваквата храна не само што нема квалитетни хранливи материи во себе, туку и го оптоварува организмот.
Затоа, обидете се да пиете многу вода и чајот е дозволен, овошни сокови, свежо цедени, но не во големи количини, а има и здрава храна која се базира на многу овошје и зеленчук.
Така ќе знаете дека вашето тело е во рамнотежа, а за да ги одржувате хормоните во рамнотежа, обидете се да го решите тоа со помош на домашни лекови, како напиток од куркума, лимон и лист од малина.
Во телото на жената циклично се произведуваат два хормона – прогестерон и естроген, а секоја промена во тоа производство се смета за хормонална нерамнотежа. Естрогенот е примарен женски хормон.
Овие три природни рецепти ќе ви помогнат да го стабилизирате лачењето на хормоните:
Лист од малина – се користи за зајакнување на мускулите на матката, а благотворно делува и на регулација на хормоните. Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста имаат многу полесно породување.
Рецептот е едноставен: една лажица листови од малина (може да се користат и сушени) прелијте ги со 200 мл врела вода и оставете да отстои 10 минути. Никогаш не пијте го овој чај пред спиење.
Вода со лимон – е поволна за слабеење, ги чисти сите токсини од телото, ја освежува кожата и го зајакнува имунолошкиот систем. Општо е познато дека лимонот влијае на хормонот на ситост, а доколку не е во рамнотежа, телото ќе создаде масни наслаги.
Рецепт: исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте веднаш. Се препорачува да испиете една чаша наутро, бидејќи така ќе го забрзате метаболизмот.
Млеко со куркума и кокосово масло – совршено води до рамнотежа на нивото на хормоните. Се верува дека куркумата ја подобрува циркулацијата и метаболизмот. До денес, има над 1.500 студии кои покажуваат дека кокосовото масло е едно од најздравите во светот.
Рецепт: во 200 мл врело млеко додадете половина лажичка куркума и една лажичка кокосово масло. По желба можете да додадете и мед. Се препорачува утрото да го започнете со топла вода со лимон, во текот на денот да пиете чај од малина, а пред спиење да се почестите со топло златно млеко.