среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Град кој на туристите им плаќа по 100 долари за да го посетат

Град кој на туристите им плаќа по 100 долари за да го посетат

Калифорнискиот крајбрежен град Сан Луис Обиспо плаќа по 100 долари за првите 500 туристи кои ќе го посетат во зимската сезона.

За да добијат пари, потенцијалните посетители мора да резервираат минимум две ноќевања во некој од градските хотели преку официјалниот градски сајт. Веднаш штом ја резервираат својата соба, тие треба да испратат електронска пошта на [email protected], по што, според порцедурата, треба да добијат промотивен код.

Понудата важи само за првите 500 туристи кои ќе се најават со е-пошта. Доколку не добијат повратна порака со код, тоа значи дека заинтресираните не влегле во првите 500 туристи за оваа зимска сезона која трае од 1 јануари до 31 март.

Се работи за град каде што има многу што да се види, вклучувајќи ја и уметноста со силно шпанско влијание, но и познатата долина „Баблгам“ односно 21-метарска улица која е целосно покриена со гуми за џвакање. Се претпоставува дека на неа има залепено најмалку два милиона гуми за џвакање.