Овошјето кое е многу популарно, особено во оваа сезона, и кое се препорачува за намалување на мастите во вашето тело има и негативни ефекти врз нашето здравје.
Да, грејпфрутот е богат со витамин Ц и растителни влакна, го регулира нивото на шеќер во крвта и го забрзува метаболизмот, но не би било мудро да го изберете како средство за слабеење или премногу често да го ставате во вашето мени за јадење.
Имено освен што грејпфрутот може да предизвика засилено лачење на желудочна киселина и иритација на непцата, ова овошје го зголемува нивото и на естроген во крвта, па жените, особено оние во средните години, треба да внимаваат при конзумирањето на ова овошје.
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Јужна Калифорнија во кое учествуваа над 43.000 жени покажа дека средовечните жени кои секојдневно јадат четвртина грејпфрут се изложени на 30 проценти поголем ризик од рак на дојки.
Воедно, грејпфрутот предизвикува и интеракции со состојките во бројни лекови. Листата на лековите врз кои грејпфрутот влијае негативно е голема. Секако, потребно е да го побарате и соодветното предупредување во упатството на лекот кој го конзумирате и да видите дали при неговото земање можете да конзумирате и грејпфрут.