четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Јадете само половина од ова овошје пред ПОЈАДОК и УНИШТЕТЕ ГО САЛОТО!

Јадете само половина од ова овошје пред ПОЈАДОК и УНИШТЕТЕ ГО САЛОТО!

Ова овошје е исклучително ефикасно за слабеење и ги топи масните наслаги, но една група луѓе прво мора да провери на лекар дали смее да го јаде!

Едно овошје е одличен сојузник во слабеењето, а ако се прашувате како брзо и здраво да ослабете, токму тоа е одговорот – само треба да го јадете пред појадокот, и тоа само половина од овошјето!

Станува збор за грејпфрут, чиј ефект врз согорувањето на мастите веќе е докажан, но сега нутриционистите велат дека воопшто не ви треба „цела“ диета, само треба да изедете половина грејпфрут пред појадок!

Како грејпфрутот помага при слабеење? Ова овошје содржи многу влакна кои ја зголемуваат ситоста и го забрзуваат метаболизмот, а истражувањето објавено во „Journal of Food and Nutrition“ покажало дека луѓето кои јадат грејпфрут имаат помала тежина, помал индекс на телесна маса и помал обем на половината од оние кои не го јадат често. Ова овошје согорува масти!

Грејпфрутот содржи и нарингенин, флавоноид кој помага во топење на маснотиите, а нутриционистите велат дека е особено ефикасен против „здодевните“ маснотии на половината.

Грејпфрутот не содржи масти или многу шеќер и е богат со витамини А и Ц, како и фолат. Јадете само половина црвен грејпфрут пред појадок и наскоро ќе видите резултати.

Бидете внимателни само ако земате лекови на рецепт бидејќи грејпфрутот може да биде контраиндикација за некои од нив. Консултирајте се со лекар ако сакате да пробате грејпфрут за слабеење.